Најпосетеното свето место каде секоја година престојуваат повеќе од 30 милиони аџии е Мејли Шрине во Токио. На второто место по посетеност се наоѓа храмот Сенсој, кој го посетуваат приближен број посетители. Меѓу другите посетени места се наоѓаат Базиликата „ Нашата госпоѓа“ од Гвадалупе, Мексико, и катедралата Notre Dame во Париз…
Ви ја претставуваме листата со најпосетените места:
1. Meiji Shrine и храмот Sensoj, Токио
Мејли Шрине е изграден пред 100 години и во градината на ова свето место се посадени повеќе од 100.000 стебла, кои создаваат вистинска слика на спокој. Храмот Сенсој е посветен на Bothisatvi Kannon, а најубав е во ноќта, кога го осветлуваат илјадници светилки.
2. Храмот Kashi Vishwanti,Индија
Храмот Kashi Vishwanti е речиси целосно во злато и претставува најсветото место за Хинду следбениците ширум светот. Верниците овде се бањаат во реката Ганг, за да ги исчистат нивните души. Пред неколку години индиската влада проба да го подобри квалитетот на водата, бидејќи водата мораше да биде прочистена од лебдечките маслени лампи кои верниците ги пуштаат во реката.
3. Базиликата „Нашата госпоѓа“ во Guadalupe, Мексико Сити
Изградбата на Базиликата започнала во 1500 година, а завршила во 1709 година. Дизајнирана е така што во неа можат да присуствуваат 50. 000 луѓе, а годишно ја посетуваат преку 20 милиони луѓе. Се верува дека овде се појавила Богородица, во 1531 година.
4. Храмот Tirupati Tirumala Devasthanams, Индија
Хиндуистичката секта Vaishnavism која промовира љубов и еднаквост, започнала со градба на овој храм пред 1200 години. Годишно, 18 милиони луѓе го посетуваат овој индиски храм.
5. Катедралата Notre Dame, Париз
Ова е најпосетената туристичка атракција, која годишно ја посетуваат 14 милиони посетители. Денес катедралата изгледа слично,како првобитниот изглед, кој го имала во 1345 година.
6. Базиликата Sacré Coeur, Париз
Уште едно свето место, кое се наоѓа на петто место по посетеност, се наоѓа во Париз. Базиликата годишно ја посетуваат 10 милиони посетители, а е изградена во 19 век.
7. Храмот Naritasan Shinshoji, Јапонија
Овој храм е изграден во 940 година, а го посетуваат 10 милиони посетители годишно. Храмот е посветен на Богот на огнот и во него постојат ритуали во кои доминира огнот, а се изведуваат неколку пати дневно.