Иако има 41 година, не престанува да воодушевува. Со своето заносно тело на кое и завидуваат и дваесетгодишните девојки, остава без здив.
Наоми Кемпбел конечно ја откри тајната , како и на 41 година изгледа како на 20.
Опра Винфри од неа извлече како го одржува телото во одлична форма. На познатата водителка Наоми и доверила дека нејзината исхрана повремено се состои само од коктели кои ги подготвува од јаворо сируп, црвен пипер, сок од лимон и вода.
-Се обидувам тоа да го правам три пати годишно. Најдолго сум издржала 18 дена. Не е лошо од време на време да направите прочистување на телото, вели Наоми.
Во нејзината секојдневна програма мора да се најде место за вежбање. Нејзината омилена вежба е комбинација на гимнастика, јога и пилатес.
-Не сакам тренинзи од кои ќе се напумпаш, а оваа комбинација навистина пали, го затегнува телото. Како старееме, се се менува на нас. Важно е “работите” да бидат цврсти и да останат на свое место, заклучила познатата манекенка.