Добро акцентираните јаболчници се знак за убавина. Освен што делува многу секси, тоа е и трик што го издолжува лицето. Навистина акцентираните јаболчници имаат огромна улога во создавањето на добар изглед на шминката на лицето. Освен тоа придава свежина и младоликост, бидејќи румените образи се симбол на младоста и здравјето. Затоа професионалните шминкери препорачуваат да не излегуваме од дома без руж. Она што ,треба да го сториме е да нанесеме малку пудра,, руж во боја што на вас најдобро ви прилега, маскара и тоа е се. Многу малку шминка, а многу голема промена на подобро. Дискретно но ефикасно. И ако сте од оние што не се фанови на шминката, направете еден мал експеримент. Направете го ова, погледнете се огледало и кажете искрено колку години помладо изгледате. Пет? Десет???