Златни правила за „лов“ на мажи:)))

popara1 март, 20121min00
lov

Тактиката што сега ќе ви ја презентираме, ќе ви помогне да откриете работи што досега не сте ги знаеле и ниту една книга нема да ве научи, па затоа немам трпение да започнеме!

Трите златни правила

Го добиваш тоа што го сакаш

Точно! Го добивате тоа што го сакате. Прво изберете го мажот со кој сакате да флертувате и исто како животните маркирајте ја територијата. Не мислев да станете опседнати , сакам да кажам, дека треба да му го покажете своето присуство. Застанете така за да ве види, или направете нешто за да ве забележи. Ако го сакате, треба и да си го земете!

Другото златно правило е митот, со кој треба да се преборите, а тоа е мислењето дека сте страмежлива. Тоа да си страмежлива, нема да те доведе до никаде. Кажете си – „Јас сум убава, ќе го добијам тоа што го сакам и ќе го постигнам со флертување! Ќе ја победам страмежливоста засекогаш!“ Застанете пред едно огледало и повторувајте ги овие зборови, се додека не станат дел од вас.

Смејте се!

Насмевкате е вашето нуклеарно оружје. Искористете го нејзиниот потенцијал. За да бидете секси, користете сјај за усни во боја слична на природната боја на вашите усни. Насмевката е првиот знак на успешниот старт на комуникацијата. Штом ќе му се насмевнете, верувајте дека и тој ќе ви одговори со насмевка.

Започнете разговор

Па забога луѓе, денес сме 21-ви век! Ви значи ли ова нешто? Не мислите ли дека е време жената да го направи првиот чекор, ако сака? Приближете се кон него и започнете разговор.

Бидете мили!

Браво девојко! Досега се справуваш многу добро! Откако забавата ќе заврши, кажете му дека многу убаво сте си поминале и дека ви се допаднал разговорот со него. Дајте му да разбере дека би сакале да се видите повторно, но без да изгледате очајно и веднаш да му го дадете својот телефонски број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag