Актерката Џенифер Гарнер и нејзиниот сопруг Бен Афлек добиле син. Ова е трето дете на познатата двојка, која веќе ги има ќерките Вајолет и Серафин Роуз.
Џенифер Гарнер и Бен Афлек станаа горди росители на момчето чие име сеуште не е утврдено.
Двојката е во брак од 2005 година, а во август минатата година актерката објави дека е бремена по трет пат.
За сега не е познато како ќе се нарекува момчето, но неговите сестри веќе ги дале своите предлози. “ Тие предложиле бебето да се вика Паја Патак ако биде машко или Мини Маус ако биде женско”, откри неодамна Џенифер во едно интервју.