Невнимателен вебмастер оставил слободен пристап на сите податоци на еден порно сајт и можело да се прочитаат сите лозинки на регистрираните корисници, како и нивните мејл адреси, шифри и слични податоци.
Ако случајно имате отворено профил на порно сервисот YouPorn треба да знаете дека лесно можеби некој влегол до вашите кориснички податоци и ги видел линковите кои вие предходно сте ги поставиле.
Сетоа ова стоело вака „отворено“ уште од 2007 година. Спорниот сервер сега е изгаснат, а овој сајт инаку е меѓу 100-те најпосетувани во светот.