Cameron Diaz, Gwyneth Paltrow и Reese Witherspoon ги здружија силите во новиот филм.
Филмот на Ryan Murphy “One hit wonders”, ги следи трите поп пејачки, кои се здобиле со светска слава во деведесеттите години, а кои денес бараат начин како да преживеат, бидејќи од нивните кариери не остана ништо.
Поранешните ривалки ги здружуваат силите со цел да направат поп “супер група” и повторно се обидуваат да ги освојат топ листите.
Во проектот треба да “замешат прсти” и Beyonce, и комичар Andy Samberg, но сеуште не е познато која улога ќе ја глуми.