Мистериозен човек оставил илјадници евра на жителите на еден германски град! :)

popara2 март, 20121min00
078

Жителите на германскиот град Брауншвејг, во долна Саксонија мака мачат за да откријат кој е мистериозниот филантроп кој им оставил плик полн со илјадници евра.

Мистериозниот човек оставил пари во добротворни цели, но нема трага од неговиот идентитет. Досега тој оставил 190.000 евра во низа донации, почнувајќи од ноември минатата година.

Жителите на овој град ги наоѓале ковертите во своите поштенски сандачиња, додека градскиот свештеник парите ги нашол на една клупа пред црквата. Оставените пари немале никакви пораки, само понекогаш имало оставено во нив инструкции за што тие пари се наменети.

Првиот граѓанин кој добил пари од мистериозниот донатор бил човек кому крадците му имале украдено илјада евра. Потоа народната кујна, дете со инвалидитет и градскиот музеј.

Единствена трага е дека тој или таа ги чита локалните вести, бидејќи многу донации се испратени на луѓе чии проблеми биле објавувани во весниците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma