Полицијата во Белфаст не се намачила многу за да фати еден крадец, кој си ја заглавил раката во поштенскиот отвор од вратата, додека се обидувал да ја ограби куќата.
17 годишниот крадец го фатила полициската патрола, во раните утрински часови, додека безуспешно се обидувал да ја ослободи раката.
Полицијата соопштила дека тој се обидел да ја отвори бравата со тоа што ја протнал раката низ поштенскиот отвор на влезната врата. Раката му се заглавила, а тој неможел да се ослободи.
Пожарникарите морале да реагираат и да ја исечат вртата за да го ослободат младиот крадец. Потоа, тој веднаш бил однесен во полициската станица.