Отворена дел од тајната архива на Ватикан.
Изложени се и документите кои го инспирирале Ден Браун да го напише контроверзниот роман.
Ватикан за прв пат на светската јавност ги претстави документите од својата архива кои се водеа за тајни, кои со векови го привлекуваа вниманието на теоретичарите на заговори. Станува збор за 100 тајни документи кои опфаќаат 1200 години историја на Ватикан, а претставуваат дел од богатата архива која ја разбуди фантазијата на писателот Ден Браун.
На изложбата во Ватикан авистина бил изложен 400 години стариот документ за судењето на Галилео Галилеј пред инквизицијата поради неговите тврдења дека Земјата кружи околу Сонцето, па посетителите може да проверат дали на него има некакви тајни кодови или пораки.
За прв пат е изложено и писмото во кое англиската аристократија од 1530 година во кое од папата Клемент Седми се бара итно да го поништи бракот на Хенри Осми со неговата прва жена Катерина од Арагон, за да може кралот да се ожени со Ана Болејн. На 60 метри долгиот пергамент изложен е и записникот од судењето на темпларите.