Актерката Џенифер Анистон е воодушевена од козата која ја молзела на снимањето на филмот “Wanderlust”, каде го запознала сегашното момче Џастин Теру. Актерката изјавила дека многу уживала во дружењето со животните, но сепак не би се откажала од животот во големиот град.
Филмската приказна за урбаната двојка која заминува да живее во комуна, наречена “Wanderlust”, во моментов се емитува во кината низ Америка, а актерката Џенифер Анистон, која игра една од главните улоги и понатаму ја памети позитивната атмосфера која преовладувала за време на снимањето.
“На снимањето молзев коза. Дали можете да поверувате? Израснав во Њујорк и тоа никогаш не сум го правела, но оваа во оваа коза навистина се заљубив!”, изјавила актерката.
Таа додала и дека иако лесно можела да се постоветува со ликот кој го игра, со оглед на тоа дека и самата често посакува да побегне од многубројните обврски, но сепак истакнала дека никогаш не би се преселила на село.
Покрај Џенифер Анистон и Џастин Теру во ова остварување игра и актерот Пол Рад кој во серијата “Пријатели” го глумел дечкото на Фиби, Мајк.
Погледнете го трејлерот за филмот “Wanderlust”:
http://www.youtube.com/watch?v=WQjIs6R2vig&feature=player_embedded