Цеца за 500.000 евра ќе ја разоткрие својата приватност!

popara2 март, 20121min00
ceca

Се си има цена!

Светлана Ражњатовиќ ќе добие 500.000 евра за ексклузивна исповед во шоуто “Вечер со Иван Ивановиќ” на телевизија Прва!. Фолк ѕвездата наскоро со специјална емисија  “Вечер со Иван Ивановиќ”, во потполност ќе ја разоткрие својата приватност.

Таа ќе зборува за тоа како ранетиот сопруг го држела во рацете пред да почине, ќе зборува за љубовта кон Аркан, за нивните деца и нападите на Михало врз неа. Цеца ќе ги открие и досега непознатите детали за деновите поминати во притворот за време на акцијата  “Сабја”, ќе обелодени се што претходеше на осум месечниот притвор, за тоа дека сакале да и земат дел од куќата и што всушност се случило во случајот  “Обилиќ”.

Инаку, износот кој ќе го добие ќе биде доволен за ја плати последната, трета рата од 500.000 евра.

-Прва постојано подготвува и реализира нови проекти и изненадувања за гладачите, но во овој момент сеуште е рано да ги откриваме деталите од нашите планови, соопштува прес-службата на Прва ТВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma