Суперѕвездата Ријана признала дека е осамена и дека го мрази тоа чувство и очајно и е потребен маж во нејзиниот живот.
Нејзината песна “We Found Love”, која зборува за пронаоѓање на романса, со денови беше на врвот на топ листите во целиот свет, а се чини дека ја прати и во реалноста.
“Да, сама сум и не уживам во тоа. Животот сама е преценет. Понекогаш сакате да бидете сами и кога сте во врска, но верувајте ми дека тоа не е добро” вели пејачката.
“Имам неверојатни искуства во животот, но не сакам да го живеам својот живот, а потоа да запознаам некого, сакам да го делам својот живот со некого. Се чувствувам дека токму тоа ми недостига”, додава Ријана, која се согласила со констатацијата на новинарите дека мажите се плашат од неа и нејзиниот успех.