Премногу долго те сонував и време е веќе да се разбудам…

popara2 март, 20121min00
1

Беше од оние соништа, што ние луѓето ги нарекуваме кошмари. Но мојата мазохистична душа се радуваше дури и на болката, на солзите, на очајот…тоа можеше единствено да ми го дадеш, а јас го примав на драго срце, зошто научив да се задоволувам со трошките, со остатоците. Зошто бев среќна со она малку што го добивав. Верував дека тоа е љубовта. Каква глупава и наивна бев. Верував дека со времето, ако ти ја покажам силата на моето трпение (што всушност го немам, но поради тебе научив да го имам), ако се борам за љубовта без разлика колку ќе платам за тоа, ако ти покажам колку безрезервно можам да сакам, независно како ти ми враќаш…Верував дека еден ден ќе го видиш сето тоа, што сите други го гледаа и не ја разбираа мојата безусловна љубов за тебе…

Верував дека болката е дел од борбата. Верував дека солзите не се напразно пролеани. Верував дека ако ти го дадам најдоброто од себе си ќе бидеш среќен. И колку неподнослива и огромна цена бев спремна да платам, за твојата љубов…

Но после, сватив дека сево ова тебе ништо не ти значи. Остана глув за моите зборови, за моите молби и ветувања. Остана слеп за моите солзи, за битките и раните, оние што ти ми ги создаде, треба ли да те потсетам? Остана безчувствителен за мојата душа…

Како можев да поверувам, дека сето тоа е плод на мојата болна фантазија, дека си толку лажен и измислен?!  Како кога сеуште го чуствувам вкусот на твоите усни на моите? Како кога твојот мирис го чуствувам на мене? Како кога сеуште можам јасно да го слушнбам твојот глас? Како кога сеуште помнам, како да беше вчера, како заспиваше до мене уморен, а во сонот изгледаше толку невино?  Како да поверувам дека лажеш толку вешто? Како да поверувам дека за тебе тоа било само игра и убивање на време? Како?!

Сон, кој личи на некаков психо-трилер, во кој се борам за опстанок. А тебе дури ти е пријатно да гледаш како се грчам од болка…Сон во кој ти ме научи да ја сакам болката и да живеам со неа…да бидам благодарна што ме боли и да молам за уште…Зошто тоа е се што ти можеш да ми понудиш.

Ти си мојот кошмар на страста и на моите најдлабоки чувства и фантазии…

Но премногу долго те сонував и е веќе време да се разбудам…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma