Актерот бил на курс за контролирање на бесот, бидејќи минатата година физички ја нападнал својата девојка Оксана.
Оскаровецот мора да присуствува на овој курс кој му бил одреден од судот за напад на неговата поранешна девојка Оксана.
Актерот во март 2011 година беше осуден на три години условна казна, со посетување на советувалишта најмалку една година. Неговиот адвокат изјавил дека покрај курсевите кои му биле одредени од судот, тој бил и на дополнителни терапевтски сеанси.