Таа беше избрана за жената со најубаво тело. Таа има 42 години, а изгледа како да има 20. Нејзиниот изглед се должи да долгогодишни тренинзи и сопствен режим на исхрана кој представува комбинација од неколку популарни и докажани диети.
Во своето мени таа не ги исклучува јаглехидратите, но ги избира полезните од нив, кои не натрупуваат маснотии туку даваат енергија. Тука припаѓаат житариците, овесната каша, кафеавиот ориз, овошје, мед и др. Освен тоа Анистон се придржува и на принципите на популарната диета Зоната. Основниот принцип на оваа диета е балансирана исхрана каде 40% се јаглехидрати, 30% масти и 30% протеини. Оваа комбинација се применува во секој оброк. Односно не може наутро да јадете само јаглехидрати, а на ручек пример само протеини. Ваквото ограничување според Зоната не води до добри резултати.
Освен тоа Анистон вклучува во својата исхрана и бебешка храна, доста популарен метод на запад. Например тоа може да биде пире од риба и зеленчук на пареа, што содржи многу малку калории, а е извор на многу полезни материи за нашето здравје. Освен тоа таа тврди дека ваквиот изглед може да се постигне кога ваквиот начин на исхрана нема да биде само краткотрајна диете за 10 или 15 дена, туку ќе премине во ваша постојана навика. А секако тука е и спортот!