Скопје

popara4 март, 20122min00
kameni most_1

Иако првата асоцијација на Скопје за викенд е „фантастичен шопинг“, прво ќе ви предложиме места на кои помалку ќе потрошите пари, а повеќе ќе се исполните духовно.

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латниски: Scupi).

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi на албански, Скопље на српски, Scupi на латински, Скопье на руски, Σκόπια на грчки, Scoplie на романски јазик, Üsküp на турски.

Центарот сам по себе, е занимлив и ќе ве остави без здив: фонтаната со споменкиот на Александар Велики е најголемо здание од таков тип во Европа. Ќе бидете опкружеи уште со склптурите на Самоил, Ченто, Гоце Делчев и многу други заслужни за Маќедонија великани.

Од постарите објекти вреди да се споменат и посетат:
Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15-тиот век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.

Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во 19-тиот век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на 20-тиот век – Гоце Делчев.

Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.

Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје.

Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.

Даут-пашината бања изградена во 15-тиот век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.

Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.

Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.

Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.

Како и Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.

Каде и да се наоѓате, ќе може да се одморите со кафе или пиво и одлична храна.

Останува уште да Ви посакаме само – УЖИВАЈТЕ!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma