Која бев, сум и ќе бидам…и кој беше тој?!

popara4 март, 20121min00
2

Пред да раскажам било што, должна сум да одбележам дека тоа се мојата историја, мојата вистина, мојата гледна точка. Моето преживеано, моите чувства, такви какви што ги осетив, такви какви ги преживеав. Според моето срце, разум, душа. Не тврдам дека сум во право. Но тоа сум јас.

Пред да го сретнам бев среќна, самоуверена и самодоверба што предизвикува завист. Знаев што сакам и се стремев кон тоа. Секогаш сакам уште. Како од другите, така и од себе си. Тешко се задоволувам со било што.  Никогаш не би поставила друг на прво место. Јас бев најважна. Ги имав своите мали и големи успеси. Се сакав себе си, доволно.

Го сретнав и се вљубив. Го сакав така како што себе си не сум се сакала. Наеднаш светот ми се вртеше околу тоа што сака тој, кога на него му одговара. Свет со поместен центар. Тој стана мојот свет. Тврдеше дека ме сака. Но колку повеќе давав од себе си, на него му се гледаше се помалку. Заборавив на себе, тотално. Тој стануваше се постуден, а јас се поочајна.

Се разделивме. Поверувајте, никогаш пониско не сум паднала. Молев за љубовта, така како што грешен се моли на смртниот одар за спасение на душата. Немаше кој да ме чуе…Единствено, што и тогаш и сега неможам да разберам е како човекот што до вчера тврдеше дека ме сака денес може да биде толку ладнокрвен. Започнав да се обвинувам. Можеби ако не постапев така, можеби ако…Ја барав вината во себе. Што не направив, што не му дадов. Тој не сакаше ни да чуе…Како од човекот што ми ѕвонеше во два часот наутро, стана човекот што сега ме избегнува?

Времето не ја намали болката. Јас го сторив тоа. Зошто со времето сватив каков човек бил тој, а каква сум јас. Разбрав дека сме различни. Дека не сме еден за друг. Времето ми даде шанса да разберам кој вреди а кој не. Кој има и заслужува место во мојот живот и кој е аут.

Се се врати. Не го кажувам ова со задоволсто…Секогаш, единственото што сум го сакала било тој да биде среќен. Не се случи. Ниту со мене, ниту со друга. Тој не е среќен.

Дали ме побара? Ме побара и уште како. После 9 месеци побара пак да сме заедно. Јас знам дека не од љубов. Знам дека не ме сака. Знам дека не е искрен. Има потреба од моето внимание. И е спремен на се за да го добие. Но јас немам ни најмала намера да му го дадам.

Денес јас сум среќна, тој не е.

Јас сум слободна, но тоа не ми е проблем. Се чувствувам цела. Неговите врски траат седмица, две.

Опкружена сум од луѓе кои ме ценат и ме сакаат таква каква што сум.

Тој ме научи да бидам силна, кога го немаше до мене, тогаш кога ми требаше.

Тој ми покажа дека после дното има само напред и нагоре.

Тој ме научи да сум доволна самата на себе, со своето отсуство.

Тој ме принуди да се сетам која бев…и каква сакам повторно да бидам…

Јас сум насмеана, успешна, прекрасна! Ти кој беше?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag