Сестрите Кардашијан на суд заради лажно рекламирање таблети за слабеење

popara4 март, 20121min00
kardaskiteeeeeeee

Старлетата Ким Кардашијан и нејзините сестри Клои и Кортни се соочија со тужба за лажно рекламирање на таблети за слабеење. Тужбата против нив и против компанијата „QuickTrim“ ја поднеле четири поранешни корисници на апчињата за слабеење, кои побарале 5 милиони долари оштета.

Тужителите тврдат дека изјавите на популарната тројка која се појавува во рекламите на овој производ се „лажни, непоткрепени и замајувачки“.

Главна состојка на таблетите е кофеинот со додаток на мешани тревки чија ефикасност никогаш не е клинички докажана, се наведува во тужбата.

Појавувањето во рекламни кампањи е еден од главните извори на приходи на семејството Кардашијан, за кои се проценува дека „тежат“ 65 милиони долари. Ова не е прв пат сестрите Кардашијан да се најдат пред суд заради лош маркетинг.

Минатата година, трите сестри и нивната мајка се соочија со тужба од страна на компанијата за кредитни картички, која тврдеше дека со тоа што го раскинале договорот, компанијата била оштетена за 75 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma