Американците во 2011 година потрошиле скоро 51 милијарда долари за домашните миленици.
Американското здружение на производители на храна за домашни миленици рекле дека ова е историски рекорд, бидејќи повеќе од 50 милијарди долари отишле за кучиња, мачки, канаринци, аквариумски риби и други миленици.
Храната и ветеринарите земале вкупно 65% од вкупните расходи за домашните миленици.
Сепак, најмногу пораснале услугите за одржување на крзното, пансиони и хотели за домашни миленици, за оние кои ги чуваат и им даваат дневна нега на домашните миленици. Овие услуги пораснале за 8% за разлика од минатата година.