Андреј Павлов е вистински уметник кој создава фотографии со мравки кои се вистински ремек дела.
Павлов започнал да се интересира за „тајниот живот на мравките“ откако се здобил со повреда на рбетот и останал неподвижен. Тој бил фасциниран од фактот дека мравките се грижат за поранливите членови на нивното „општество“, односно за децата, старите и оние мравки со хендикеп.
Иако многумина не веруваат во тоа, всушност сите фотографии на Павлов не се обработени во Фотошоп и не се лажни. Тој поминал многу време за да го изучи нивното однесување, па со вистинско темпирање и со поставување на вистинските сцени, тој успеал да направи навистина фантастични фотоографии.
Погледнете ја неговата неверојатна колекција на фотографии, симпатично наречена „Приказни за мравките“.