Лејди Гага и нејзиното момче Тејлор Кени дошле на уште една идеја со која ќе ја прослават својата голема љубов. Всушност, пејачката сака да купи лозје во Калифорнија за да произведува вино. За време на викендот актерот и пејачката заминале на дегустација на вино во Калифорнија и таму на останатите гости им соопштиле дака сакаат да започнат со изработување на свое вино.
“Гага навистина ја интересира виното и храната. Кога не е на турнеја, тогаш готви и пие скапи вина кои ќе и дојдат при рака”, открива близок извор до пејачката. Во лозјата, наводно ја гледа и својата иднина, еден ден кога ќе заврши нејзината музичка кариера.