Мрсната кожа има потреба од повеќе грижи и внимание. Следните неколку процедури ќе ви помогнат да ги исчистите порите и да го регулирате излишниот себум и нечистотија, кои се главната причина за акните. Ако вашата кожа е мрсна вие треба да изградите еден добар режим за нега на кожата. Заборавете на штетните хемикалии и силната козметика и изберете природни производи за грижата на својата кожа.
Тоник од чај од билки. Треба да го направите да биде поконцентриран, например во чаша вода да има 2 кесички чај, да стои така 30 минути. Наутро и навечер со тампон чистете го лицето со ваков природен тоник.
Маска од манго – ова овошје е идеално за мрсната кожа, а маската многу едноставно се приготвува. Треба само мангото добро да се испасира, се нанесува на лицето и се остава да делува 15 минути. Процедурата се прави еднаш неделно.
Алое и етерично масло од мандарина – Потребни ви се 3 лажици гел алое на што ќе додадете 4-5 капки етерично масло од мандарина. Оставете маската да делува 15 минути. Овие органски компоненти ќе направат вистинско чудо со вашата мрсна кожа. Овие три процедури во комбинација, даваат одлични резултати ако сериозно ги применувате.