Седум слики од колекцијата на Адолф Хитлер пронајдени во Чешка се проценети на 2,7 милиони долари. Хитлер на уметнички дела за време на Втората светска војна потрошил цело богатство.
Чешкиот писател и публицист Јири Кучар последните пет години од животот ги посветил на пронаоѓање на уметничката колекција која ја поседувал Хитлер. Потрагата конечно ги дала резултатите кога тој пронашол седум уметнички слики на 50 километри северно од Прага во манастирот Doksany.
Тоа е колекција од 45 слики, триесет скулптури, разни подароци и натписни плочи. Сето тоа било прогласено за чехословачки воен плен, изјавил Кучар, а колекцијата му била инспирација за да напише две книги.