Најполезната храна за здравјето на нашето срце

popara5 март, 20121min00
i

Здравјето е резултат на многу взаимни фактори, некои од кои зависат од нас, а други не. Еден од факторите, кои сигурно можеме да го контролираме, е најефективното и најдостапно лекарство, со кое располагаме, а имено храната.

Еве ги најполезните храни за вашето срце, кои ќе ве заштитат од болести на срцето и крвоносните садови:

Овесна каша – богата е со омега -3 масни киселини, фолна киселина и калиум. Го намалува нивото на лошиот холестерол.

Риба – богата е со омега 3, и ефикасно го намалува крвниот притисок. Две порции неделно можат да го намалат ризикот од срцев удар со цели 40%, а истовремено е и моќен антиоксиданс.

Авокадо – учествува во регулирање на нивото на холестерол.

Маслиново масло – редица експерименти до сега покажале колку е здраво ова масло за човечкото срце како и за целиот организам.

Јатки – тие се најважниот извор на есенцијалните масни киселини неопходни за добрата кондиција и општата здравствена состојба на човекот.

Црвеното овошје и зеленчук – имаат противоспалителен ефект, антиоксиданси се и не штитат од рак и болести на срцето.

Спанаќ – содржи лутеин, фолна киселина, калиум и растителни влакна. Консумирањето на спанаќ ќе ве држи во добра форма и ќе ви даде сила и здравје. Многу е полезен и несмеете да го потцените.

Ленено семе – многу полезно е не само за срцето, а можете да го користите во вид на ленено масло за своите салати например.

Соја – таа е супер извор на растителни протеини полезни за срцето. Го намалува нивото на холестерол .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma