Нивото на киселост во океаните расте со најбрзо темпо во последните 300 милиони години, поради што на многу растителни и животниски видови им се заканува истребување, според извештаите на научниците објавени во магазинот „ Science“.
Зголемената киселост во океаните претставува најголема опасност за коралните гребени, бидејќи предизвикува нивно изумирање. А, бидејќи коралните гребени се живеалиште за многу други растителни и животниски видови, може да дојде и до нивно истребување.
Човечките активности, особено согорувањето на фосилните горива, довеле до зголемено ниво на јаглерод во атмосферата, а бидејќи океаните стануваат покисели со зголемувањето на јагелеродот во атмосферата, денешното ниво на киселост е поголемо од пред 56 милиони години, кога било забележано големо ниво на јаглерод во атмосферата.
Количеството на јаглерод во атмосферата речиси двојно се зголемило, додека просечната глобална темепратура пораснала за 6 степени целзиусови.