Според објавените шанси за победа на Евровизија, Јоксимовиќ е на второто место.
Светските обложувалници го објавиле квотите за победа на престојниот Евросонг, кој ќе се оджи во Азербејџан од 22 до 26 мај!
Без оглед на тоа што до почетокот на натпреварот има повеќе од два и пол месеци и тоа што поголемиот дел од песните на учесниците сеуште јавноста немаше прилика да ги слушне, веќе се наговестува кој ќе биде фаворит.
Останатите за нас познати учесници од земјите на поранешна Југославија по оваа проценка имаат значително помали шанси наредната година Евровизија да ја организираат во својата земја, а најлошо сценарио му предвидуваат на Рамбо Амадеус од Црна Гора (квота 125).
Најдобро поминала Словенија со квота (50), додека Босна и Херцеговина (100), Хрватска (100) и Македонија (100) ќе мораат да поработат на себе.
Жељко Јоксимовиќ во изјавите не ја крие својата самоувереност пред својот втор настап на Евровизија.
-Би сакал оболожувалниците да згрешиле за едно место, но сеуште е рано за проценки. Србија секогаш е фаворит, изјавил Жељко, додека Душка Вучиниќ Лучиќ, извршен директор на Евровизија во Србија, била малку повнимателена:
-Не сакам премногу да се потпирам на обложувалниците, бидејќи знаат често да згрешат. Особено во моментот кога не се преслушани сите песни. Без разлика, ние се надеваме дека нашиот претставник ќе оствари добри резултати.