Многу добро знам што заслужувам…

popara6 март, 20121min00
2

Е како да те сакам сега? Неможам. Не сакам. Не мислам дека е потребно. Се обидов. Влегов во една игра, што не е за мене. Врска која уште на самиот почеток беше жигосана и двајцата знаевме.  Вистината е дека не можам да сакам никого повеќе од себе си.  И да се обидам, ќе е заблуда. Некаква илузија во која се присилувам да живеам, но само до извесно време. Можам да се приврзам, да дадам дел од себе, но веќе не можам да сакам како порано и тоа никогаш не сум го криела.

Можам без тебе, дури и да ти е тешко поради тoа, но без себе не можам. Ако треба да избирам помеѓу тебе и мене, себе си ќе се изберам. Зошто денес кристално ми е јасно, ова е вистинскиот избор. Наивните грешки ми го покажаа најважното животно правило – себе си на прво место! Ако сакаш наречи ме егоист. Нема многу да погрешиш. Но да знаеш само каков е патот додека стигнеш до овде…

Не можам да сум покорна, потребно ми е да сум независна, така се хранам. Ти сакаш да се сообразувам со тебе, да сум само твоја и јас сум, можам. Но мојата бунтовна душа не може да се научи да се подчинува на туѓата волја. Камоли да го посака повторно тоа.

Можам да сум приврзана кон тебе, и да ми е тешко за нашите убави моменти, можам да се давам себе си без проблем, да се жртвувам, да ти се предадам, но не и срцето онака како ти што сакаш. Знам што значи безкрајно да даваш и знам исто така многу добро што добиваш тогаш…

Зошто многу добро знам што заслужувам!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma