Во близина на Демир Хисар се наоѓа Слоештица, село во кое се наминува особено ако сте во потрага по шумови кои ги нуди само природата. Ова е право место каде ќе се одморите од сите стресови кои ги носи урбаниот живот.
Еден пријател ме праша кое годишно време е најубаво да се посети овој рај. Не можев да му одговорам, затоа што секое годишно време е со своја посебна убавина таму. Вие, за почеток одберете го Вашето омилено годишно време, или уште подобро – првиот слободен викенд.
Особено го паметам ова место по мирисот на тазе, домашен леб наутро. Кога згора на тоа ќе се додаде вкусното сирење, чашка муабет со домашните селани, кои се исклучително духовити и ведри – викендот поминат во Слоештица не би го менувала ни за хотел со 5 ѕвезди.
Од многуте цркви и манастрири по староста, работењето и живописите се издвојува манастирот “Св. Никола Топлички” во регионот помеѓу селата Слоештица,Бабино и Жван, изграден во 14 век. Со сигурност се знае дека во 1537 год. повторно е изведен живопис во внатрешноста на цркавта. Црквата Св. Никола претставува еднокорабна црква, со поголемидимензии во однос на тој тип цркви градени во Македонија.
Во основата има форма на впишан крст од стеснет тип, а прекриена е со полукружен свод. Околу неа се наоѓаат остатоци од некогашните двокатни конаци, што ја опкружувале од северната, јужната и западната страна. Манастирот е ставен под заштита од Институтот за заштита на спомениците на Р. Македонија. Манастирот Св. Никола Топлички е неделлив дел од демирхисарската духовно-просветно и сликарско-резбарска школа.
Тој со својата севкупна традиција е во онаа група македонски манастири кои ги надминуваат локалните рамки со живописани ѕидови од 14 век. Манстирската црква е најстара по градба и по живописот во Демирхисарко. Димитар Зограф, од селото Леуново го изработил вториот живопис во манастирската црква, од 1527 година, стариот дрвен иконостас и неколку престолни икони на кои се насликани композиците „Успение Богородично„ и „Слегувањето на Св. Дух„. На натписите е забележан и неговиот соработник, зографот Јован.
Низ вековите манастирот бил не само религиозен туку и културен, просветен и книжевен центар. Во манстирските конаци се одвивала плодна преведувачка, препишувачка и оригинална книжевна дејност. Најдени значајни македонски ракописи дури и од 14 век, меѓу кои и „Четвороевангелието“ од 14 век, што содржи 152 пергаментни листови а се чува во НУБ „Климент Охридкси“- Скопје.
One comment
Иван
3 април, 2014 at 16:02
Поштовани, истражујем своје породично стабло и деда и прадеда и прабаба су рођени и умрли у Слоештици. Молим Вас да ме упутите на неку адресу где бих могао добити још података о њима и другим члановима породице. Захваљујем унапред и извињавам на евентуалној сметњи. Поздрав, Иван.