Дали си ја погледнал вистински во очите? Ја погледна ли денес? Ја познаваш ли навистина? Или единствено си ја видел нејзината насмевка? Го познаваш силниот карактер, но ги познаваш ли очите? И без да ги познаваш, тврдиш дека сакаш вистински? Си бил ли до неа кога плачеше? Ги виде ли солзите за тебе? Можеш ли да ја познаваш, ако не ја видиш нејзината слаба страна?
Ти можеби нема да го прифатиш, но знај едно – кога силната жена сака, сама паѓа во плен. На породената од таа љубов слабост, зошто ја дала силата на друг. И тоа е нејзиното проклетство. За пред другите, дури и пред тебе, таа може да е силната, коравата и независната, но пред себе таа е ранлива.
Ти знаеш ли, дека една жена како неа, може да е тажна поради тебе, но нема да го покаже тоа, ако не погледнеш во неа вистински. Надвор од твојот егоизам, надвор од невозможноста да ги покажуваш чувствата, надвор од тебе, гледаш ли во неа? Разбираш ли?
Ти погледна ли вистински во нејзините очи, клога светат од солзи и немоќ? Тие солзи горат. Тие солзи течат сами од себе. Дури и усните да се смеат. Тие солзи не се покажуваат пред другите, зошто силата ги спречува, додека не остане сама. Дали си плачел и ти некогаш така?
Дали ги познаваш солзите од изгубената надеж и од безумието на љубовта? Си погледнал ли вистински во нејзините очи, кога плачат од немоќ?
Како таа би можела да сака некого вистински, кога никој не ги познава незјините очи? Кога никој не ја познава болката што ја носи? Ќе ја препознае само оној што плачел како неа…