Мислевте дека постојат автомати само за пари, сокови, слатки, презервативи и тампони? Погодувајте повторно! Ви ги претставуваме седумте најиновативни „автомати“ на светот:
Автомат за изнајмување велосипеди: Се наоѓа во Ајнховен, Холандија. Од него може да изнајмите велосипед и потоа да го вратите.
Автомат за продажба на рамни ревли – „балетанки“: По долгата и напорна ноќ на високи потпетици, овие автомати се вистински благослов.
Автомат за продажба на „опрема“ за венчавки: За само еден долар може да си купите прстени и потврда за одржаната венчавка.
Автомат за продажба на медицинска марихуана: Доколку ги имате потребните документи, може да си купите марихуана која ќе ве ослободи од стресот, болката и загубата на апетит.
Автомат за продажба на секс играчки: Овој интересен автомат се наоѓа во Гвенџи Лав хотел (хотел на љубовта) во Кина.
Автомат за продажба на ракчиња: Доколку сте љубител на морската храна, во Кина може да најдете автомати кои продаваат морски ракчиња.
Автомат за продажба на злато: Ако ви треба злато, може да си купите од автоматот за злато кој е лоциран во Емиратс Палас Хотел во Абу Даби.