Безстрашната Адел се плаши само од ова!

popara6 март, 20121min00
0099007.48

Според пишувањата на британските таблоиди, 23-годишната Адел толку се плаши од нејзината вила вредна 7 милиони фунти што одбива да спие во неа. Поради тоа, како телохранителка ја вработила својата возачка.

Поради тоа што Адел верува дека нејзината вила е опседната, одредени извори тврдат дека телохранителката е со неа 24 часа дневно. Добитничката на сите можни музички награди тврди дека повеќе не мисли ниту еден момент да го помине сама во куќата, поради звуците и атмосферата во куќата кои и внеле страв во коските.

Вилата некогаш била само стан и има сопствена капела и два базени, а пријателите на пејачката тврдат дека таа била многу возбудена што ќе може да изнајми така раскошен објект, но велат дека таа признала дека реалноста не е баш така идилична како што замислувала.

Пејачката наводно во повеќе наврати ја буделе непознати звукови поради кои неколку пати, дури и сред ноќ искочила од креветот, и иако со неа е личен телохранител вработила и повеќе членови на безбедносните друштва, за сега не е познато дали се обратила на експертите за паранормалното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma