Продуцентите на порно филмовите нема да добијат дозвола за снимање доколку нивните актери не носат презервативи.
Лос Анџелес – порно актерите ќе мора да носат презервативи во сите филмови кои ќе се снимаат во Лос Анџелес.
Градоначалникот Antonio Villaraigosa во јануари потпишал одредба со која на продуцентите на порно филмовите им се забранува издавање на дозвола за снимање доколку за време на снимањето актерите не носат презервативи.
Глобална здравствена фондација за борба против сидата (The AIDS Healthcare Foundation) со години се залагала за воведување прописи во порно индустријата, истакнувајќи дека актерите мора да се заштитат од ХИВ и други сексуално преносливи болести.