Никол Шерцингер се вратила во прегратките на 27 годишниот возач на Формила 1 Луиз Хамилтон.
Како што пишуваат британските медиуми, поранешниот светски шампион и 33 годишната пејачка повторно се заедно, а се шпекулира и дека планираат венчавка.
За помирувањето на двајцата заљубени гулапчиња наводно е заслужен таткото на Хамилтон, Ентони кој е во многу добри односи со Никол, па на синот му објаснил дека “одлична жена како што е Никол нема долго да го чека”.
Двојката ја прекинаа врската во октомври минатата година. А за тоа дека се смириле се пишуваше во почетокот на оваа година, бидејќи Новата ја дочекаа заедно во Колорадо. Неодамна уживаа и на романтичен одмор во Монако.