Трансексуалецот по име Ајви порано била дадилка на американскиот претседател Барак Обама, додека неговата фамилија живеела кон крајот на 60-тите години од минатиот век во Индонезија, пишува британскиот Дејли Мејл.
Ајви се грижела за момчето по има Бери кога неговата мајка Ен Данам се преселила во престолнината на Индонезија, Џакарта.
Иако никогаш не криел дека е трансексиалец, Ајви секогаш водел сметка малиот Бери да не го види во женска гардероба.
„Беше мал и некогаш не дозволив да ме види како облекувам женска гардероба, иако ме виде како ставам од карминот на неговата мајка. Секогаш кога ќе го видеше тоа се смеeше“, раскажала Ајви.
Откако, семејството на Барак Обама ја напуштила Индонезија, Ајви почнала да се занимава со проституција и сега живее во сиромашен дел до градот.
Ајви изјавила дека незнаела дека Обама е претседател на Америка, се додека не видела слики од детството на Обама со неговото семејство.
Таа почнала да им раскажува на пријателите дека детето на сликите е она исто дете кое таа го чувала, а сега е претседател на САД. Никој не и верувал и сите се ја исмејувале, се додека луѓето од соседството каде што живеел Обама со семејството не ја потврдиле приказната.
„Сега кога луѓето ми велат дека сум ѓубре, можам да им кажам дека барем сум била дадилка на американскиот претседател“, гордо изјавила Ајви.