Се повеќе науката е насочена кон промоција на храна која помага за регулирање и намалување на нивото на лошиот холестерол. Тоа е така затоа што оваа супстанција во поголеми количини може да доведе до сериозни болести и дури опасност по живот.
Пченката докажано веќе е доста полезен продукт, кој го намалува холестеролот во крвта и ја подобрува концентрацијата. Во составот на пченката се вклучени многу важни материи како растителни влакна, аминокиселини, микроелементи и многу други. Според специјалистите секојдневната консумација на пченката помага за намалување на нивото на холестерол и силна и добра меморија. Оваа зрнеста култура е превенција од болести како атеросклероза, од разни болести на срцето, благодарение на компонентата тиамин, што го чисти организмот од токсини.