До каде не носат глупавите совети за љубов?!

popara7 март, 20121min01
111

Животот ни е поп фолк. Или турска серија. Како и да е, животот ни е драма. Се пишуваат илјадници совети и страници. Женските списанија учат како да ја откриеме својата сродна душа, принцот и потенцијалниот сопруг и како да го задржиме со помошта на креветна акробатика. Машките изданија пак советуваат на ергените што да направат за да легнат се живо и се што мрда, како да ги препознаат женските трикови и како да бидат женкари и фраери.

Сите се обидуваат да ги убедат читателите колку е тешко. Сепак добрите мажи се зафатени, а убавите жени се кучки, нели?

За да биде вистинско и длабоко, треба ли да е тешко до степен на полудување, треба ли да боли, да предизвикува безсони ноќи, илјадници мисли и монолози?

Љубовта не постои. Или е од оние митски животни, за кои сите слушнале, но никој не ги видел? Таа може и да дојде, но е важно да ја зачуваме од конкуренцијата, да ја одржуваме жива, да ја разнообразиме, да ја изучуваме и дискутираме. Важно е да станеме дел од формулата. Онаа универзалната, која ги решава сите проблеми и ги продава услугите на новинари, психолози и советници и налошо на аметери.

А вистината е толку различна. И толку индивидуална. Вистинските работи во животот се случуваат без надворешно влијание, стратегија и претходен план. Мажите не се од Марс, жените не се од Венера и сигурно не зборуваме на различни јазици. Нема потреба од совети и формули од типот „добро е да спиеш со него, после 5 состаноци, за да не те помисли за лесна“.

Вистинската хемија, таа за која сите мечтаеме, се случува за секунди, таа не се планира и не се развива со стратегија и евтини трикови научени од жолтата штампа.  Вистинската љубов не завршува после 3 години ( како што науката докажала???) и сигурно нема потреба од „30 начини како да продолжиш да го возбудуваш“ или „20 секс трикови со кои ќе го полудиш“.

Вистинската љубов нема потреба од упатство и професионални консултации. Таа е едноставна и непретенциозна. Заплеткани во лажната и вештачка интрига често ја пропуштаме. А таа е точно таму – на еден чекор растојание.

One comment

  • Ivannche

    14 март, 2012 at 22:47

    Ljubovta ne postoi… Vo toa te podrzuvam.. A i ne samo vo toa.. voopshto cela statija e na mesto..i ubavo kazanoo.. Dobro razmisluvanje.. 🙂 Pozdrav!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma