Погледнете како изгледа најскапиот апартман на плажа во светот. Станува збор за апартманот пентхаус А кој се наоѓа во највисоката зграда на хотелот Сетаи Саут Бич Резорт во Мајами, кој беше продаден за неверојатна сума од 16 милиони долари.
Купувачите на апартманот изгледа поминале и ефтино, бидејќи првичната цена на апартманот била дури 21.5 милиони долари. Апартманот се наоѓа на кровот на зградата висока 40 спрата, а располага со огромна тераса, приватен базен, четири бањи и четири спални соби, како и неверојатен поглед на самата плажа и на Атланскиот Океан.
Според пресметките, еден квадратен метар од апартманот чини 12 153 долари, но погледнете како изгледа, ќе ви биде јасно дека вреди за парите: