Најскапите пици на светот

popara12 март, 20121min00
naslovna

Кога ќе ги видите цените на најскапите пици на светот, и пиците во најскапите наши ресторани ќе ви изгледаат многу ефтино:

Пица-лавиринт, во ресторанот на Гордон Ремси во Лондон – 250 долари

Оваа пица е направена од пире од италијански кромид со паста од татруфи, бафало моцарела, фонтина сирење, печурки, сецкани тартуфи и свежи зачини. Колку повеќе таруфи порачате, толку поскапа ќе биде вашата пица.

Нино Белисима во Њујорк – 1 000 долари

Оваа пица ќе ја најдете на Менхетн во ресторанот Нино. Направена е од тенка кора на која има шест типови на кавијар и 2 јастози. Самото подготвување на пицата чини 780 долари, што значи дека цената на оваа пица е реална.

Пица Ројал 007 во Доменико Крола ресторанот во Глазгов – 4 200 долари

Оваа пица е именувана по познатиот агент Џејмс Бонд и се вика Пица Ројал 007. Таа е попрскана со 24 каратна златна прашина и кавијар потопен во шампањ, како и јастог мариниран во коњак стар 100 години.

Пица за заљубени во Фавито Фемили Пицерија во Хенриета, Њујорк – 8 200 долари

Оваа пица е скапа не поради состојките, туку поради фактот дека со неа добивате дијамантски прстен и шише Дом Перињон.

Пица Луи 13 во Салерно, Италија – 12 000 долари

Ова е најскапата пица на светот. Потребни се 72 часа за да се подготви. На оваа пица ќе најдете бафало моцарела, три вида кавијар, јастог од Норвешка, како и рачно собирана розева сол од морињата во Австралија. Оваа пица може порачате да биде направена само во вашиот дом, а услугата е вклучена во цената. Тоа значи, дека доколку сакате да се почестите со оваа пица, во вашиот дом ќе дојдат тројца готвачи кои ќе ви останат на гости три дена додека ја спремаат пицата. Па, што мислите, дали вреди?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma