Мараја Кери може да биде мега ѕвезда, но како и сите други жени, по бременоста и породувањето има проблеми со килограмите.
Кери (41) успеала да ги симне насобраните килограми, а снимила и реклама за компанијата Џени, чии производи наводно и помогнале да ослабне.
Пејачката всушност е мајка на близнаците Монро и Морокоа кои ги родила во април минатата година. Во рекламата за џери, Мараја носи сребрен црн фустан и изгледа многу заводливо.