Ви го претставуваме центарот на светските супер сили. Станува збор за градот бајка – Москва…
Да ја оставиме историјата на страна… И покрај влијанијата, промените предизвикани од разни сили, Москва и ден денес остава впечаток на величествена дива која воодушевува со неодоливата архитектура. Москва е главниот град, кој истовремено е и политички, верски, образовен и научен центар, не само на Русија, туку и глобално.
Москва, е градот со најголем број на жители во светот. Победувајќи ги Лондон, Париз и Истанбул, Москва е најбројниот град, во кој живеат 10 милиони луѓе. Освен со овој факт, Москва може да се пофали и со преубавата архитектура. Без водка сигурно нема да поминете, а ако Ви се причинува дека гледате двојно, не е до алкохолот. Многу делови од Москва имаат идентичен изглед.
Москва и нејзината околина се богати со значајни туристички локации кои никако не смеете да ги пропуштите: Споменикот на Петар Велики, музеј метрото, All-Russia Exhibition Centre (VDNKh), ботаничките градини, паркот Горки, паркот Исмаиловски, Ермитаж, Пушкинивата куќа- музеј, имотот на Толстој, неодоливиот Кремљ и секако уште многу други знаменитости и убавини…
После ова, Москва може да стане Ваша потреба…Има и зошто !!!