Циганска бизнис придружба – Кучиња кои одат по нив додека собираат картони!
Оваа невкусна шега ја обојавил вчера на својот Твитер, Огнен Амиџиќ и така на расна основа ја навредил ромската популација во Србија. Драгољуб Ачковиќ, потпретседател на Светскиот парламент на Ромите и претседател на Музејот на ромската култура, најостро го осудил водителот и неговата духовитост, која ја смета како директна провокација.
-Мислам дека глупак како човек кој оставил ваква порака на Твитер ни малку не се ризикува од џукели кои не следат нас Ромите. Сметам дека на таквите не им е место во медиумите и крајно време е неговите уредници да сфатат дека таквите џукели треба да бидат работна придружба на овие горе споменатите луѓе – навредено и бурно коментирал Ачковиќ.
Кога му било соопштено на Амиџиќ дека со својот твит предизвикал бурни реакции на ромската заедница, тој останал рамнодушен.
-Немам никаков коментар. Тоа е само виц и ништо повеќе, изјавил Огнен.
Меѓутоа, по разговорот, , контроверзниот виц исчезнал од неговиот профил на Твитер.