Деветте животи на мачките и жените…

popara8 март, 20121min00
cat

Би било безкрајно лесно, ако човек можеше да предвиди како ќе заврши една врска, што почнала убаво, невино или пак започнала фатално.Кога една жена ќе се вљуби, никој и ништо не е во состојба да ја спречи, ниту да ја вразуми. Таа навистина е како мачка во март, а март не е само месец, туку состојба. Способна е да оди по покривот на своето сопствено безумие слепа и глува за она што всушност и го нуди животот. Често е спремна да гризе и гребе …

Љубовта е убава, хипнотична, љубовта е како наркотик – после него ти доаѓа да леташ без разлика колку високо, без разлика колку далеку, немаш представа колку боли, кога на крајот ќе се паднеш во чувството на осаменост и празнина. Во слепата тишина на разумот, кој не секогаш бил со тебе и до тебе или пак само си ги затварала со раце очите и ушите.

Вљубената жена е секогаш убава. Никој не може да објасни зошто е така, но е факт. Ова донекаде ја оправдува желбата да оди по тенката острица на предизвикот, таа воопшто не мисли за зимата, ни за летото, зошто ја има својата благословена, убава и полна со емоции пролет, го има својот март – нежен, единствен, ласкав и опасен, но таа точно тоа го прави. Целосно и до крај ќе му се предаде. Додека не разбере дека љубовта е само сезона .

И исто како мачките таа ќе сврти грб на предупредувањата, опасно убава, непредвидлива, грациозна и совршена и што и да се случи покасно, таа мисли дека не е важно…Зошто таа е жива, вљубена и опасна но само за себе си.

Ако после реши дека е време да се симне од покривот на својата љубов, нема тоа да биде доброволно, ниту пак ќе биде примамена од топлата представа за живот без опасности и ризици, за сигурноста на мирниот живот, каде нема сезони, но пак секогаш има место каде да го одмори уморниот грб – од прегратки, од безкрајни месечини и сонца.

Веројатно таа ќе го заборави нејзиниот луд март некој ден. И животот ќе продолжи многу помудро и смирено, ноќите ќе бидат тивки и таа ќе го покаже на светот својот голем презир кон се и сите – нели е мачка сепак? Само што во еден момент ќе осети дека додека била вистинска по времето на таа мартовска сезона, таа ги загубила своите 9 животи. Всушност ги заменила – сите 9 живота за само неколку мига љубов…но вистинска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma