Позитивните работи кои ги носат разните услуги на интернет, паѓаат во вода оној момент кога некој ќе ги злоупотреби или ќе ги извлече од контекст вашите зборови, барем кога станува збор за јавните личности.
Па така и хрватската водителка Николина Пишек завршила во реклама за вибратор. Кога ќе го погледнете видеото, ќе слушнете како Николина на сите го фали заоблениот розов вибратор: споменува маратонско дружење, вели дека го користи долги години и порачува дека многу зависи од издржливоста на батеријата.
Сепак, Николина не зборувала за вибратор, туку за уредот iPhone, бидејќи нејзината стара изјава од промоцијата на новиот модел на познатиот телефон, на интересен начин е измонтирана.
Погледнете…