Случајност или Божји благослов, едно е сигурно, 81 годишната американска освоила 336,4 милиони долари.
Луиз Вајт од Њупорт ќе беше еден од оние исти случаи на лото добитници, само доколку не го оставела тикетот во Библијата. На предавањето на добивката изјавила дека е многу среќна и горда.
Нејзниот адвокат изјавил дека Луиз е редовен играч на игрите на среќа и лото, а добитното ливче го купила од супермаркетот од каде купувала намирници за колач. Откако го пополнила ливчето, таа го оставила во Библијата, каде седело се додека не сфатила дека добила на лото.
„Во следните неколку месеци ќе одлучам на што ќе ги потрошам парите“, изјавила Луиз која се одлучила за еднократна исплата на добивката, па затоа ќе добие само210 милиони долари.