Во Франција е донесен закон според кои возачите на сите моторни возила мораат да имаат со себе уред за алкотестирање. Тоа се однесува и на возачите на мотори.
Со ова, французите се надеваат дека ќе ја подигнат свеста кај народот да не возат во алкохолизирана состојба, а со тоа ќе се намали бројот на сообраќајни незгоди.
Дозволената законска граница во Франција е 0,5 промили алкохол во крвта, а според статистичките податоци алкохолот е виновен за дури 31% од сообраќајните несреќи.