Градот Паракуаро во Мексико беше сведок на вистинска хорор приказна кога беше нападнато и убиено цело стадо на кози. Сведоците велат дека крив за тоа е Чупакабра, но овој пат летечка.
Во крвавиот напад настрадале 35 кози, а сведоците го опишуваат битието кое ги нападнало козите како животно со големи очи, канџи и крила. Уште една посебност на овој напад е дека настрадале само козите, додека овците и свињите се поштедени.
Според верувањето на локалното население, тоа оди во прилог на теоријата на Чупакабра бидејќи омилена храна и се козите. Во изминатите неколку години пријавени се бројни такви случаи, а на илјадници кози им е испиена крвта.
Иако легендата за Чупакабра веќе со години е позната и им влева страв во коски на сточарите, ова е прв случај на летечка верзија на чудовиштето. Дали има уште енкоја посебна моќ освен способноста за летање, тешко е да се каже. Погледнете ја репортажата за овој настан: