Продуцентите најавија дека наскоро, фановите ќе ги слушнат песните кои Aaliyah ги сними непосредно пред авионската несреќа.
Aaliyah беше еден од најсјајните RnB ѕвезди, но нејзината кариера беше трагично прекината кога загина во авионска несреќа во 2001-та година.
Продуцентот J Dub, кој има соработувано со пејачката на својот Твитер профил напиша дека многу набрзо ќе ги претстави нејзините најнови песни.
Тој најави дека првата песна ќе биде со наслов “Steady ground” и дека ќе следуваат и други необјавени песни кои произлегле за време на нивната заедничка работа во студио.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mEUQAQT3PnM