Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник кој се одбележува секоја година на овој датум.
На тој ден се слави борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност со мажите.
Инаку првиот ден на жената е обележан во 1909 година и тоа на 28 февруари во САД, додека во 1910 година во Копенхаген е одржаната првата меѓународна конференција на жените и таму е одлучено да се одбележува секоја година овој ден, но не бил утврден датумот.
Во западните земји во 20-тите години од минатиот век одбележувањето на осми март запрело, но подоцна повторно оживеало во текот на 1960-тите со ширењето на фенинизмот.
Во неколку земји како Русија, Молдавија, Еремнија, Бугарија и други овој ден е државен празник.
Денеска и најголемиот интернет пребарувач го одбележа на симболичен начин Меѓународниот ден на жената со традиционално менување на логото.
Среќен 8-ми март!