Една салата дневно – гаранција за вашето здравје

popara8 март, 20121min00
sal

Медицината и науката последно време се многу посветени на силата на здравата исхрана и нејзиното големо влијание на нашиот живот и здравствена состојба. Експертите тврдат дека само една салата дневно е доволна за да бидеме во добра здравствена кондиција и да се заштиме од многу опасни болести. Салатите се препорачува да бидат сезонски и да бидат од зеленчук со органско потекло. Секојдневно внесување на свежи салти ќе ги задоволи дневните потреби на организмот од неопходните минерали и витамини, а освен тоа и со растителни влакна. Растителните влакна помагаат на системот за варење на храната и во процесот на отстранувањето на слободните радикали и токсините. Современиот начин на живот подразбира консумација на брза храна и намалена физичка активност. Затоа уште поважно е да ја вклучите салатата во своето секојдневно мени како превенција од негативниот ефект на лошата храна и пасивниот начин на живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma